Членот на ултра десничарската „Народна партија на наша Словачка“, Милан Мазурек го загуби пратеничкото место откако Врховниот суд ја потврди пресудата за расизам кон Ромите.

Словачкиот Врховен суд ја потврди претходната пресуда дека Мазурек, во радио емисија во 2016 година, изнел незаконски расистички коментари за ромската заедница.

Тој во радио емисијата зборувал за „теророт на Циганите“ и додал дека Ромите „никогаш ништо не направиле за нацијата“.

Мазурек се изјасни дека не е виновен и минатата година се жалеше на пресудата,

Врховниот суд двојно му ја зголеми паричната казна на Мазурек, кој сега треба да плати 10.000 евра.

Мазурек е прв словачки пратеник кој го изгубил пратеничкото место по кривична пресуда.

Членовите на неговата група користат нацистички поздрави, ги обвинуваат Ромите за злосторства, за нив НАТО е терористичка група и сакаат Словачка да излезе од Алијансата и од Европската Унија.