Антивладините бунтовници во Сирија извршиле напад со дронови врз воздухопловната база Хмеимим, што се наоѓа во пристинаштето Латакија. Како што потврдија од сириската државна телевизија се слушнале неколку експлозии во пристаништето, што е едно од главните бази на руската војска во Сирија.

Според извештаите на медиумите, руската противвоздушна одбрана енргично делувала како одговор на нападот и соборилиа поголем дел од дроновите.

Државните медиуми во Сирија, наведуваат дека бунтовниците дроновите ги лансирале од зоната на деескалација.