Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, соопшти дека САД сериозно ја разгледуваат можноста за постигнување на мир во Авганистан и повлекување на трупите од земјата.

Помпео појасни дека за таквото размислување придонесува, како што посочи, одличниот напредок во преговорите со Талибанците за национално помирување.

Пишувајќи на својот Твитер профил, Помпео додаде дека САД настојуваат да го зајакнат соверенитетот и независноста на Авганистан.

САД се сериозно посветени на постигнување на мир, спречување на ситуации во кои Авганистан повторно би станал место за меѓународен тероризам, како и на врќање на вооружените сили во земјата – напиша Помпео.