Демонстрантите и полицијата одново се судрија во Хонк Когн, а полицијата користи солзавец и воден топ во обид да ги разбие протестите пред седиштето на владата, јавуваат медиумите.

Демонстрантите претходно вперија ласерски зраци на полицијата и како што јавуваат медиумите се чини дека фрлаат тврди предмети преку бариерите, пренесува Асошиејтед прес.

Полицијата врз демонстрантите користеше сина боја, како што се гледа на снимките објавени на друштвените мрежи.

Полицијата одговори и со испалување солзавец врз демонстрантите од другата страна на барикадите, а потоа употреби и воден топ.

Демонстрантите не се повлекуваат и се обидуваат да го пробијат просторот во кој се наоѓа полицијата.

Ова е 13-ти викенд по ред како се одржуваат протестите во овој град кој е под кинеска контрола.