Претседателот на Украина, Петро Порошенко денеска официјално ја укина воената состојба во земјата.
Укинувањето на воената состојба е моја принципиелна одлука, заснована на анализа на сите компоненти на сегашната ситуација во сферата на безбедноста, истакна Порошенко.
Воена состојба беше прогласена само во пограничните региони на Украина кон Русија и Молдавија, по инцидентот во Керчинскиот Теснец.
Порошенко реши да воведе воена состојба по инцидентот кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец.
По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со нивниот екипаж од 24 членови.
Comments are closed for this post.