Шпанската полиција во реонот Коста дел Сол успеа да пресретне и уапси дилери на дрога.

Полицијата беше поумесна во бркотницата со бродови близу плажата Манилва позната по големиот број на англиски туристи кои ја посетуваат. Целта на криумчарите на дрога била да побегнат во Мароко во што не успеале, а акцијата се овиивала пред очите на туристите.

Во акцијата на шпанската полиција биле уапсени тројца членовии на криминалната група, а целата акција ја надгледувал и хеликоптер.