Керчки мореуз кој ги поврзува Црното и Азовското море е затворен за минување откако три бродови на украинската морнарица без дозвола влегле во руските територијални води.

Состојбата е тензична а според Русите украинските бродови извршиле агресија и ги прекршиле меѓународните поморски закони. Според Русија ова е уште една провокација која може да предизвика воен конфликт.