Британскиот парламент одново не го изгласа договорот кој премиерката Тереза Меј го договори со Европската унија по прашањето за Брегзит. Договорот убедливо падна со 392 гласови „против“, додека 242 пратеници беа „за“. Премиерката, како што наведува „Гардијан“, се подготвува за соопштение.
Со оглед на тоа дека договорот повторно не е изгласан, премиерката Меј, како што вети, во среда ќе ја даде на гласање одуката за излез од Унијата без договор.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер претходно и порача на Велика Британија дека мора да ја напушти ЕУ до европските избори 23-26 мај или во спротивно ќе мора да бира свои пратеници за Европскиот парламент.
Граѓаните на 23 јуни 2016 година го изгласаа излезот на Британија од ЕУ по 43 години членство. Најголема поддршка на Брегзитот тогаш дадоа Англија и Велс.
Comments are closed for this post.