Француското одмаралиште Биариц, овој викенд ќе ги угости најмоќние лидери во светот. Градот е под опсада на силите за безбедност. Претворен е во тврдина, заради најавените демонстрации на антиглобалистите, „жолтите елеци“ и баскиските националисти.

За францускиот претседател Емануел Макрон самитот е прилика да се зацврсти имиџот на глобален посредник во време на длабока политичка и економска несигурност во светот.

Меѓутоа, аналитичарите се скептични. Раздвојувањата во Г-7 се видливи, а трансатлантските односи во сенка на трговските војни и дијалогот за климатските промени.

Затоа домаќините не исклучуваат можност на самитот воопшто да не бидат донесени заклучоци.

Заклучоците суштински ќе се однесуваат на прашањата за нееднаквоста во светот и климатските промени. Не гледам дека претседателот Трамп ќе биде подготвен да потпише таков завршен документ. Минатата година во Канада одби да го потпише, изјави Франсоа Ејзбур од Меѓународниот институт за стратешки студии во Париз.

Русија е уште една точка на спорови. Додека Трамп се залага за враќање на Русија во формат Г-8, францускиот претседател смета дека, заради украинската криза, тоа би било стратешка грешка. Рускиот претседател засега внимателно реагира.

Како да се вратиме во организација која повеќе не постои? Тоа е сега Г-7, а не Г-8, но никогаш не вели никогаш. Впрочем, беше на нас ред да го организираме самиот Г-8, но нашите партнери не се појавија. Сите сте и понатаму добредојдени, наведе Владимир Путин.

Пред заминување на самитот, официјални лица од Белата куќа соопштија дека многу веројатно во Биариц дека ќе се разговара за враќање на Русија во Г-8, но дека нема да се гласа за тоа, бидејќи одлуките се носат со консензус.