На авион на Јунајтед ерлајнс му експлодираа гумите за време на слетувањето на аеродромот во Њуарк, во американската сојузна држава Њу Џерси, а некоклу патници се здобија со полесни повреди.

Авионот на летот 627 од Денвер со 166 патници после експлозијата на гумите се лизгал по пистата додека не застанал, пренесе агенцијата Асошиејтед прес.