Американскиот Конгрес нема да поддржи воена интервенција, и покрај изјавите на претседателот Доналд Трамп за таква можност, изјави претседавачот со Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Елиот Енгел.
„Загрижен сум заради претседателското ѕвечкање со оружје. Сакам да бидам јасен пред сите, воена интервенција не е опција“ рече Елиот Енгел на почетокот на сослушувањето пред Одборот на тема политичката ситуација во Венецуела.
Енгел предупреди на можни негативни ефекти на граѓаните на Венецуела заради одлуката на САД да воведат санкции на државната нафтена компанија ПДВСА, како би го ограничиле пристапот на претседателот Николас Мадуро до приодите од нафта.
„Ја поддржувам потребата на овој начин да се притиснр Мадуро, но Белата куќа мора да ги земе во обзир можните последици од таквите санкции на венецуелскиот народ ако Мадуро не ја напушти функцијата во наредниот период“ рече претседавачот со Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД.
Претседателот Донал Трам во неделата изјави дека не ја исклучува можноста за употреба на американските вооружени сили во Венецуела.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го предупреди американскиот државен секретар дека Русија е против било каква употреба на сила во Венецуела, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Comments are closed for this post.