Најмалку 41 припадник на Револуционерната гарда на Иран загинаа во напад на автобус на иранската елитна единица на југоистокот од земјата, јавуваат иранските медиуми.

Денешниот напад, кој се случил помеѓу градовите Захедан и Хаш, еден е од најсмртоносните напади во Иран во последните неколку години.

Иранската новинаска агенција „ФАРС“ претходно јави дека во нападот се убиени 20, а ранети уште 20 членови на гардата.

Најновите извештаи покажуваат дека во напад со автомобил бомба загинале сите членови на елитната единица кои се наоѓале во автобусот.