Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неуспехот во преговорите со САД ја вратиле опасноста од враќањето на напнатоста, но и дека повторен состанок со престедателот Доналд Трамп го интересира само доколку САД се појават со поинакви ставови, извести денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.
Ким изјавил дека одлуката на САД ќе ја чека „до крајот на оваа година“, додаваат од агенцијата.
„Потребно е САД да престанат со својот сегашен пристап и да ни дојдат со нови решенија“, изјавил Ким во својот говор.
Дијалогот се најде во ќор-сокак по самитот одржан во Ханој, кој пропадна заради разликите и ставовите во поглед на тоа колку е далеку Северна Кореја подготвена да оди во ограничувањето на својата нуклеарна програма и во која мерка САД е подготвен да ги олеснат економските санкции кон Северна Кореја.
Севернокорејскиот лидер ги зацврстува ставовите кон Вашингтон за разлика од претходно, забележуваат аналитичарите. Во четвртокот Џонг Ун изјави дека неговата земја треба да зададе удар на оние кои и наметнуваат санкции, со што економија во земјата би станала самоодржлива.
Comments are closed for this post.