Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун не постигнаа договор во Виетнам. Поради неуспехот, двајцата лидери порано си заминаа од Виетнам и ја откажаа планираната церемонија на потпишување договор.

Портпаролката на Белата куќа Сара Саундерс изјави дека тие имале многу добар и конструктивен разговор и дека имаат намера повторно да се сретнат во иднина, без да прецизира термин.

Трамп кажа дека Ким си заминал откако не било прифатено неговото барање САД целосно да ги укинат санкциите кон Северна Кореја во замена за денуклеаризација.

„Понекогаш едноставно треба да си заминеш“, им кажал Ким на новинарите.

Севернокорејскиот лидер сепак ветил дека нема повторно да почне да тестира проектили.

Трамп и државниот секретар Мајк Помпео пред новинарите во Виетнам изјавија дека САД не се подготвени да потпишат договор доколку Северна Кореа не се обврзе дека ќе престане со нејзините тајни нуклеарни погони надвор од Јонгбијон, како и од својата програма за производство на проектили и боеви глави.

Конвоите на двајцата лидери го напуштија хотелот „Метропол“ во Ханој во рок од неколку минути откако беа откажани ручекот и церемонија на потпишување договор.