откако земјата е погодена од насилство

Либија причина за кавга меѓу Франција и Италија

13.04.2019 / 10:30


Официјален Рим, кому Либија некогаш му беше колонија, го предупредува Париз, кој е во добри односи со Калиф Хафтар, да се воздржи од поддршка на било која фракција. Претходно дипломатите изјавија дека Париз го саботирал ставот на Европската унија која го повика генералот Хафтар да ја запре офанзивата.

„Многу е сериозно Франција, заради економските и трговски причини, да ја блокира иницијативата на ЕУ за мир во Либија и да ја поддржува страната која се бори. Како министер за внатрешни работи, нема да стојам од страна и да гледам“, изјавил италијанскиот потпретседател Матео Салвини.

Франција која попоседува нафтени полиња во источна Либија, му даде воена помош на Хафтар, велат либиски и француски службеници.

Според податоците на ОН, во борбите меѓу силите на Хафтар и меѓународно признатата влада во Триполи убиени се најмлаку 56 луѓе, а повеќе од 8 илјади лица во изминатите неколку дена ги напуштиле своите домови во Триполи.

Либија е погодена со насилство и политичка нестабилност од 2011 година кога беше симнат од власт и убиен Муамер Гадафи. Во земјата владеат две влади, една меѓународно призната, таа е во Триполи, а другата, во Бенгази, ја предводи командантот на самопрогласената либијска национална војска, генерал Калиф Хафтар.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

Маск до уредничката на Економист: Она што лажно го нарекувате „крајна десница“ се всушност нормалните луѓе

пред 3 дена
Свет

„Политико“: Израел се спрема за војна против Турција,Сирија и Египет!

пред 3 дена
Свет

Вештачка интелигенција за сите: Планот на WAICO за премостување на дигиталниот јаз

пред 1 нед.
Свет

Аргентинците не им ги простуваат Фокландските острови на Англичаните, би војувале и денеска

пред 2 недели
Свет

ЕП: Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање

пред 3 недели
Свет

Руте и Фон дер Лајен не сакаат Европа да зависи од САД за одбраната

пред 3 недели
Свет

НАТО прави банка од 117 милијарди евра

пред 3 недели
Свет

Орбан: Владата на партијата Тиса ја води земјата кон диктатура

пред 3 недели
Свет

Белгија станува нарко држава контролирана од балканскиот картел

пред 4 недели
Свет

Проверете дали е вашата: Десет професии кои ќе исчезнат до 2030-година

пред 1 месец
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabetGrandpashabethttps://gunprodeals.com/jojobetcasibomJojobetcasibomjojobetjojobetcratosroyalbetcasibomiptv satın albetciocasibomGrandpashabet