Тензиите помеѓу Русија и Украина не се смируваат, така што после инцидентите во Керчкиот залив, јазот меѓу двете држави е сè поголем.

Украинската страна тврди дека станува збор за воена агресија, додека Москва наведува дека помеѓу посадата на трите заробени бродови се пронајдени и киевски разунавачи.

Украински морнар, десно, придружуван од офицер на руската разузнавачка агенција ФСБ на пат кон судница во Симферопол, Крим, во вторникот

Исто така, Русите тврдат дека ова е обид претседателот на Украина Петро Порошенко да освои нов мандат бидејќи, како што тврди Москва, популарноста му опаѓа.

„Масло на огнот“ додаде Порошенко, откако изјави дека на Русите на возраст од 16 до 60 години им се забранува влез во Украина, во која е прогласена воена состојба.