Каталонија ќе олесни некои од мерките за спречување на ширењето на COVID-19 од следната недела, соопшти денеска локалната власт. Дозволено е отворање на спортски сали, кафулиња и ресторани, бидејќи бројот на новозаразени паѓа и во покраината и во цела Шпанија.

Веруваме дека пикот на третиот бран е зад нас, рече каталонскиот министер за здравство Марк Раментол на прес-конференција.

Мадрид претходно најави олеснување на мерките почнувајќи од денеска.