Каталонија ќе олесни некои од мерките за спречување на ширењето на COVID-19 од следната недела, соопшти денеска локалната власт. Дозволено е отворање на спортски сали, кафулиња и ресторани, бидејќи бројот на новозаразени паѓа и во покраината и во цела Шпанија.
Веруваме дека пикот на третиот бран е зад нас, рече каталонскиот министер за здравство Марк Раментол на прес-конференција.
Двонеделната инциденца на заразени падна на 783 на 100.000 жители, што значи дека за првпат е под 800 во последните 14 дена.
Мадрид претходно најави олеснување на мерките почнувајќи од денеска.
Comments are closed for this post.