Криминалните групи имаат добро разработен систем за перење на валканите пари заработени од препродажба на дрога.

Од продажбата на околу 1.000 тони кокаин, се формира вкупна добивка од над 345 милијарди евра. Прашањето најмногу засегнато со организираниот криминал е како да се „исчистат“ овие пари. Односно, како да ги претворат парите од нелегалната економија во пари заработени по легален пат  Според италијанските банки  парите „измиени“ од страна на мафијата изнесува 140 милијарди евра годишно. Државата успева да конфискува само 3 милијарди, или само 2% од тој износ.

Во Германија, перењето пари е полесно додека во Италија инвеститорот мора да докаже дека вложените пари се со законско потекло. Во Германија службите треба да докажат дека парите имаат мафијашко потекло да бидат конфискувани. Овој принцип овозможува мафијата да пере во Германија секоја година помеѓу 29 и 57 милијарди евра.

Повеќето инвестиции се во недвижности, туризам, хотели, ресторани. Мафијашките компании кои инвестирале во хотелски и ресторански бизниси не вршат профит. Нивните објекти нудат добра услуга по ниски цени.