Сајбер-нападите против Иран, за што во саботата пишуваа медиумите, биле неуспешни, напиша на својот твитер профил иранскиот министер за информациско-комуникациски технологии Мухамед Џавас Азари Џахруми.

Ниту еден непријателски сајбер-напад на Иран не беше успешен, пишува Франс прес.

Медиумите прашуваат за сајбер-нападите на Иран. Нападите беа неуспешни, и покрај тоа што (нивните организатори) преземаа големи напори“, напиша Џахруми.

Според кажувањето на министерот, минатата година иранската страна успеала да одбие 33 милиони сајбер напади.

Сакам да нагласам дека долго време имавме работа со сајбер-троризам“, додаде тој.

Претходно медиумите пишува дека претседателот на САД, Донал Трамп, одобрил офанзива за сајбер-операции на компјутерски системи на Иран кои се користат за лансирање на ракети.

Можеме да ви срушиме уште дронови

Командантот на иранската морнарица Хосеин Хазади се закани кон САД дека Техеран е способен да сруши и други американски шпоински дронови, слично на оној од минатата недела.

Полуофицијалната агенција Тасним пренесе предупредување на адмиралот Хосеин Хазади за време на состанокот со група воени официјални лица.

Хазади рекол дека Иран може секогаш да пружи „интензивен одговор и дека непријателот тоа го знае“, пренесува Асошиејтед прес.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела нареди, па откажа воен удар на Иран по соборувањето на американскиот дрон.