Светот говори за тензиите помеѓу  САД и Иран и војната што за малку не почна. Дронот „Global Hawk“ е штетата што ја предизвика иранската војска. Ова летало чини околу 100 милиони долари и е прво воопшто кое на САД му е срушено било каде во светот.

Лета над 20.000 метри висина и може да биде срушен само од ракета земја-воздух водена од радар. Иранските власти тврдат дека го срушила дронот на одалеченост од околу 100 километри и висина од 25 километри. Овој дрон најмногу се користеше во Ирак и може без прекин да лета 24 часа.