Два патнички авиони се судрија на Меѓународниот аеродром Шипхол во Амстердам, а во инцидентот нема повредени.

Авионите припаѓаат  на компаниите Изи Џет и КЛМ, а сударот  се случил  кога аеродромот се одделувал од пистата, пренесува холандскиот портал Дачјуџ. Авионот  КЛМ “Боинг 737-800” летал  за  Мадрид, додека авионот на “Ербас А320” на компанијата Изи Џет   требаше да лета до Лондон.

Патниците беа префрлени во други авиони, а аеродромот започна истрага. Порталот известува дека еден од авионите бил оштетен, но  сударот не нанел други штети.

Минатата недела владата одлучи да го зголеми бројот на летови преку Шипхол, и требало  да има повеќе од 500.000 летови годишно.