Берлин соопшти денес дека не планира да испрати копнени сили во Сирија, одбивајќи го барањето на САД до Германија да го зајакне своето воено присуство во борбата со остатоците на терористите на ИСИС.

„Кога видов дека владата планира да продолжи со мерките кои се во тек во рамки на коалицијата против ИС, тогаш тоа значи нема копнени сили“, изјави владиниот портпарол Стефан Зиберт.

Специјалниот американски претставник за Сирија, Џејмс Џефри изјави во неделата за германските медиуми, меѓу кои и „Ди велт“, дека Вашингтон бара од Берлин да стави чизма на тлото на северна Сирија.

Мандатот на германските трупи во Сирија истечува на 31 октомври, што значи дека Бундестагот треба да реши што ќе биде после тој датум.

Зиберт истакна дека Германија „повеќе години значително придонесува ви доби меѓународно признание“ за борбата против ИСИС.