Воен товарен авион од типот „Боинг 707“ утринава се урна во Иран. Како што соопшти иранската војска, загинати се 15 лица од вкупно 16  колку што биле во авионот.

Првичните информации говорат дека причина на несреќата најверојатно се лошите временски услови и намалената видливост заради што пилотот ја промашил пистата.

Боинг 707 превезувал месо од Бишкек во Киргистан, а несреќата се случила за време на принудно слетување, недалеку од иранскиот град Караџа, западно од Техеран.