Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт, објави полското радио на својот твитер канал.

Адамович (53), кој на оваа функција е од 1998 година, беше во критична состојба по петчасовната операција. Според лекарите, тој имал сериозни повреди на срцето, дијафрагмата и други внатрешни органи.

Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор.