На добитникот на Нобеловата награда за физиологија и медицина, Џеjмс Вотсон му се одземени сите почесни титули во лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што тој бил раководител. Вотсон е еден од копронаоѓачите на ДНК и е нобеловец од 1962 годинa.

Како што се посочува на официјалната интернет страница на лабораторијата, причината за овие мерки се изјавите на 90-годишниот научник во документарен филм, во кој вели дека „генетиката ги одредува разликите во просечниот коефициент на интелигенција кај европеидните и негроидните раси“.

Изјавите на д-р Вотсон треба да бидат осудени оти науката не ги потврдува на ниеден начин, и тие не ги одразуваат ставовите на лабораторијата, на нејзините претставници, предавачи, соработници и студенти, истакнува лабораторијата.

Биологот остана без титулите почесен заштитник и почесен директор на „Колд Спринг Харбор“.

Треба да се напомене и дека ова не е првпат Вотсон да биде обвинет за расизам. Тој беше изложен на обвинувања за расизам и во 2017 година, кога претскажа мрачна иднина за Африка.