Иранскиот претседател Хасан Рохани го окарактеризира повлекувањето на САД од иранскиот нуклеарен договор и повторното наметнување на санкции како економски тероризам.

Освен тоа, Рохани предупреди дека ако наложените санкции ја ослабат способноста на Иран да се справи со нив, кон Запад ќе се насочи „буица” од дрога, бегалци и напади.

Ги предупредувам оние кои воведуваат санкции дека ако биде засегната способноста на Иран да се бори со дрогата и тероризмот, нема да бидете безбедни од буицата од дрога, бегалци, бомби и тероризам, истакна претседателот во говорот пренесуван на иранската државна телевизија.

Рохани ги повика земјите од регионот да соработуваат во борбата против тероризмот.

Земјите кои нè бојкотираат, треба да знаат дека нивните активности нема да имаат никакво влијание на нашата способност да се бориме против тероризмот, истакна Рохани.