Двајца тинејџери се обвинети за тероризам бидејќи неонацистичка група наводно испраќала онлајн закани за принцот Хари, пишува Мирор. Тие се уапсени откако англиската полиција обезбеди докази дека тие упатувале закани на војводата од Сасекс.

Осумнаесетгодишник од Портсмут соочен е со пет точки од обвинение поврзано со тероризам и три точки за делење терористичка пропаганда. Седумнаесетгодишникот од Лондон исто така е обвинет по пет точки за тероризам.

Како што се наведува, предмет на истрагата била неонацистичка група „Соненкриег“. Операцијата била дел од истрага за активностите на екстремната десница.