Руската компанија „Калашников го претстави новиот дрон систем “ZALA Arktik”, прилагоден за работа на артичка географска ширина.

Новиот ZALA Arktik има можност да исполнува цивилни и воени задачи за истражувања во зонните Артикот што допринесува за безбедност на пловидбата на море и следење на руските територијални води.

Овој дрон може да работи на ниски температури што овозможува постојано следење на мразот во места каде е потребно постојано да се следи. Може да идентификува пловила на стотина километри.