Најмалку 26 припадници на авганистанските сили загинале во напад извршен од талибанците врз воената база во провинцијата Кундуз, изјави официјален претставник.

Шефот на провинцискиот совет, Мохамед Јусуф Ајуби, соопшти дека 23 од загинатите биле војници, а тројца припадници на полициските сили.

Ајуби додаде дека во нападот, кој траел повеќе од два часа, биле ранети и 12 војници.

Нападот бил одбиен кога стигнале дополнителни сили во опколената база.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, ја презема одговорноста за нападот во Кундуз.