Како шокантна е пласирана веста дека еден холандски политичар, инаку потврден антиисламист, и поранешен член на партијата на Герт Вилдерс,конвертирал во ислам.

Поранешниот член на Партијата на слободата (ПВВ) Јорам фан Клаверен, инаку со протестантски корени, кој формираше своја партија, но не успеа да влезе во Парламентот, формално преминал во ислам.

Во изјава за весникот НРЦ Фан Клаверен изјави дека го сменил мислењето за исламот и ти сега и формално преминал во ислам.

„Доколку верувате во еден Бог и дека Мохамед е пророк, покрај Исус и Мојсеј, тогаш вие сте муслиман“вели Фан Клаверен.

Во времето кога седум години беше член на ПВВ на Вилдерс, тој беше гласен критичар на исламот и објавуваше текстови во кои велеше дека „исламот е лага“ и „Коранот е отров“.