Атлетико Мадрид е подготвен да понуди 15 милиони евра на Фенербахче за да го доведе во своите редови македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Според тврдењеата на „Мундо Депортиво“ кој се повикува на италијански извори, клубот од Мадрид е најновиот клуб кој влегува во трката за играчот од средниот ред.

На листата заинтересирани клубови за 19 годишниот голгетер се и Интер, Лацио, Фиорентина и Севиља, а тој е и на агендата на неколку други големи европски фудбалски клубови како Тотенхем, Реал Мадрид, Лестер, Зенит.

Елмас во Фенербахче дојде во август 2017 година за 180.000 евра тренинг-компензација од Работнички.