Системот за помош на судиите ВАР ќе биде воведен во Лигата на Шампионите од сезоната 2019/20, соопшти УЕФА.

ВАР ќе се користи во натпреварот за Суперкупот на Европа идното лето и етапно ќе биде наметнат во Лигата на шампиони, финалната фаза на ЕП 2020, во Лига Европа од сезоната 2020/21, а потоа во одлучувачките натпревари од Лигата на нациите во 2021 година.

– Веруваме дека воведувањето на ВАР во август 2019 година ќе ни даде доволно време за да да го примениме успешно овој систем  во Лигата на Шампионите – најважното клупско натпреварување во светот, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин