Женската репрезентација на Македонија оствари победа против ракометарките на Италија со 26:23 (8:12) во првата од двете контролни средби за време на ЕХФ-неделата.

Иако губевме на полувреме со 4 гола разлика, ракометарките на селекторот Симе Симовски во вториот дел покажаа многу подобра игра, а по серијата од 8:1 и водството од 16:13, „црвено-жолтите“ до крајот само ја одржуваа предноста.

Најефикасна во нашиот тим беше Ристовска со седум постигнати гола.

Истите екипи ќе се сретнат повторно утре во истиот термин, 16 часот во салата во Автокоманда.