УЕФА изрече казни за Црвена звезда и ПСЖ заради случувањата на натпреварот што го играа во Белград во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Црвено-белите“ се казнети со 64.000 евра заради погрдно скандирање на навивачите и седењето на скалите на трибините. ПСЖ во касата на УЕФА ќе мора да уфрли 25.000 евра заради доцнењето на натпреварот и непримерното однесување кон службени лица.

На тапет на европската куќа на фудбалот се најде и тренерот Томас Тухел, кој заради приговори кон судиите суспендиране е еден натпревар, а доби е едногодишна условна казна.

ПСЖ натпреварот на „Маракана“ го доби со резултат 4:1