Фудбалерите на Манчестер Сити следната деценија ќе ја носат опремата на германскиот производител Пума, објави првакот на Англија.

Клубот за промена од американскиот Најк во Пума ќе го добие вториот најголем договор во Премиер лигата вреден вкупно 760 милиони евра, од почетокот на следната сезона.

Поплатени ќе бидат само градските ривали Манчестер јунајтед кои од Адидас годишно добиваат 87 милиони евра.

Новите дресови „граѓаните“ по прв пат ќе ги претстават на азиската турнеа во Јапонија и Кина претстојното лето.

Договорот предвидува Пума да носат и партнерските клубови на Сити – Мелбурн сити и кинескиот Сичуан.