Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо одби да на својот дрес да го носи беџот за најдобар играч во италијанскиот шампионат.

Португалецот го одбил знакот со кој Серија А го означува најдобриот фудбалер за минатата сезона, а причината е дека не сака да се разликува меѓу играчите на Јувентус на овој начин.

Соодветните значки ги носат најдобрите играчи во другите категории:
најдобар голман – Самир Хандановиќ
најдобар дефанзивец – Калиду Кулибали
најдобар играч од средниот ред – Сергеј Милинковиќ-Савиќ
најдобар напаѓач – Фабио Кваљарела
најдобар млад играч – Николо Заноло