Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски викендот на трка од Бму Европскиот и Македонскиот национален шампионат во Плевен Бугарија, го освои првото место.

Одличен викенд за мене. Втор пат бев на таа патека со мотор од 600 кубни сантиметри и морам да признам дека се снајдов одлично. Уште од првиот тренинг бев прв, па се до квалификациите, за на крај и на трката да остварам прво место, со предност од 6 секунди пред второпласираниот. Многу сум задоволен,бидејќи успеавме да победиме,и при тоа да ја освоиме и македонската национална титула, изјави Бузалковски.

Следен предизвик за него ќе биде последната трка од Алпе Адриа Европскиот шампионат.