Косовскиот премиер е голем фан на спортот посебно на фудбалот. Негов омилен клуб во младоста бил Партизан и тоа само поради еден играч од Косово кој играл за црно-белите.

-За Партизан навивав поради Фадиљ Вокри но не бев член на „Гробарите“.Морам да ви откријам и една тајна.Кога бевме деца навиваме за Црвена Ѕвезда затоа што имаат албански бои. Тогаш на стадионите не смеевме да носиме албански знамиња-вели Харадинај.