Шок за македонската ракометна репрезентација во Кожани.Пораз од аутсајдерот Грција квалификациите за евопското првенство со 28:26. Македонија на полувреме водеше со 13:12. репрезентација до 45 минута беше речиси постојано во водство иако играше неубедливо, неагресивно во одбрана и со доста грешки. Грците во тие моменти направија серија од 3:0 и имаа предност од 23:22 десетина минути пред крајот. Од тогаш успеаја да го задржат водството до крајот на натпреварот.

Минолас со 8 и Малиос со 6 гола беа најефикасни кај јужниот сосед, а одличен ден имаше и голманот Цалимпарис со 15 одбрани. Кај нас добар настап имаше Митрески со 13 оодбрани, Кире Лазаров имаше седум гола, Талески шест, Манасков четири. Во следното коло Македонија гостува кај Исланд.