На денешниот натпревар помеѓу Грција и Македонија кој се игра во Кожани под зголемени мерки на безбедност, грчката државна телевизија ЕРТ која врши пренос на почетокот пред знамињата на двете земји ги имаше кратенките GRE i MKD. Но, веднаш се поправија па ја ставија Референцата FYR.

Грците не се ни потрудија да го напишат дури ни целиот назив на референцата која го содржи зборот Македонија.