Неговиот сонародник Лука Модриќ ги доби сите можни награди, но сепак играчот на Барселона и на хрватскатаа репрезентација од средниот ред Иван Ракитиќ смета дека Лео МЕси е најдобриот играч. Ставот на Ракитиќ е дека изминатата сезона му припаднала на Модриќ, но сепак му дава предност на аргентинецот.

Навистина имам голема почит кон фудбалерите што освојуваат награди, но мора да се каже дека постои еден што е подобар од сите други. Тоа е Лионел Меси. Исклучително го почитувам Лука, но и самиот тој знае дека Меси е најдобриот, изјави Ракитиќ.