Несекојдневни правила на Берлускони во МОнца. Поранешниот италијански премиер кој е нов сопственик на третолигашот, освен за резултатите на тимот очигледно се грижи и за имиџот на фудбалерите и воведе нови правила.

– Во тимот ќе играат само млади Италијанци. Ќе имаат уредни фризури и нема да бидат дозволени ниту бради, ниту тетоважи. Забрането ќе биде и носењето на многу обетки. Играчите ќе бидат пример за фер-плеј на теренот, ќе се извинуваат на противниците при прекршок, а кон судиите ќе се однесуваат со почит, истакна Берлускони.

Берлускони во 2017 година за 750 милиони евра го продаде Милан, но по кратката пауза се врати во светот на фудбалот и одлучи да ја купи Монца за 2,9 милиони евра.

По преземањето на Монца, најави амбициозен план со кој планира фудбалскиот клуб да го внесе во елитната Серија А.