Додека чека одговор од Барселона, каде би сакал да се се врати, Реал Мадрид му понуди на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, петгодишен договор со плата од 40 милиони евра годишно, пренесуваат шпанските медиуми.

Кралевите се приклучија во трката за бразилецот, но ПСЖ од Реал Мадрид го сакаат Лука Модриќ како дел од било кој договор за трансфер на Нејмар и покрај желбата на Флорентино Перез да ја победи Барселона за играчот, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Сепак, Модриќ попрво би останал на Бернабеу, отколку да се пресели на Паркот на Принцовите.

Минатата сезона 27-годишниот Бразилец одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и даде оствари 13 асистенции. Парискиот клуб го купи од Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.