Барселона го прегази Реал Мадрид на Ноу Камп во првото „Ел Класико“ сезонава. Барса славеше со убедливи 5:1, а три од петте гола ги постигна Луиз Суарез.

Стрелци за Барселона беа и Кутињо и Видал, а голот за Реал Мадрид беше дело на Марсело.