Иницијативата на претседателот Пендаровски да ги помири навачките групи најверојатно ќе заврши без успех. Двете најголеми навивачки групи на етничките Македонци, „Комити“ и „Војводи“ од Тетово поставија свои услови за да дојдат кај шефот на државата и да разговараат со навивачите на Шкендија и Шкупи, „Балисти“ и „Шверцери“.

Условите пред се се однесуваат на однесувањето на навивачите групи на етничките Албанци и нивното негирање на прашањата кои задираат во македонскиот идентитет, нација и историја.
Војводите беа јасни дека не седуваат спроти група луѓе работат против македонските интереси, не ја признаваат оваа држава и Уставот.

Сличен е и условот на Комитите кои бараат во официјални документи и записи да стои името Република Македонија бидејќи тие „Северна“ не ја признаваат.
Шверцерите и Балистите засега се немаат изјаснето дали ја прифаќаат иницијатива, но доколку не дојдат се поставува прашањето која е целта доколку не бидат присутни сите навивачки групи.

Во вчерашното обраќање во Собранието, претседателот Пендаровски истакна дека целта е на младите луѓе преку директни примери да им ја покажеме, од една страна, цената на насилството, а од друга, вредноста на дијалогот и дебатите и за најтешките прашања со кои сме соочени во нашата заедничка земја.

Нетрпеливоста помеѓу навивчите групи од македонскиот и албанскиот блок трае подолго време. Иако со години трае забраната гостински навивачи да присуствуваат на натпреварите, тоа не причина на речиси сите дуели на Шкендија-Вардар и Шкупи-Вардар да се слушаат националистички слогани, навреди на етничка и верска природа.

Кулминација доживеа со прославата на Шверцерите во Македонскиот народен театар кој беше демолиран а пак навивачите скандираа дека „Македонците немаат историја и јазик“.
Дека навивачите не го прифаќаат наметнато име „Северна“ се виде и на прославата на европската титула на ракометарите на Вардар на плоштадот. Тогаш беше исвиркан и градоначалникот Шилегов и секое споменување на новото име.

Нови тензии помеѓу навивачите се очекува во март кога во Скопје на националната Арена треба да играат Македонија и Косово во бараж од Лигата на нации. Тогаш голем дел од албанските навивачи ќе купат билети за мечот и ќе навиваат за гостите од Косово. Поради истите причини пред две години натпреварот помеѓу Македонија и Албанија наместо во Скопје се играше во Струмица.