Натпреварот помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата, прво финале од Копа Либертадорес сепак нема да се одигра вечерва. Причината се обилните врнежи на дожд во Буенос Аирес, заради кои теренот на „Бомбоњери“ беше поплавен и со самото тоа неупотреблив за игра.


Одреден е нов термин, ќе се игра во недела во 16 часот, по локално време, односно 20 по средноевропско. Планирано е да се одиграат два натпревари, а реваншот е закажан за 24 ноември. Тогаш ќе се знае кој ќе биде првак на Јужна Америка.