Супер дебитантот на Далас маверикс, Лука Дончиќ, повторно беше најдобар во редовите на својата екипа и ја предводеше до победа против Оклахома сити тандер со 111-96. Словенецот го заврши мечот со 22 поени, осум асистенции и шест скокови со што беше најзаслужен за Далас да ја прекине серијата од седум победи по ред што ја имаше Оклахома сити до овој натпревар и што беше најдолга во лигата.

Освен одличната игра на Дончиќ, за поразот на Оклохама сити значајни беа и отсуството на Расел Вестбрук, но и измореноста, со оглед на тоа што ова за тимот беше трет натпревар во четири вечери. Во такви услови, се истакнаа Стивен Адамс и Пол Џорџ, кои остварија по идентичен дабл-дабл од 20 поени и 13 скокови, додека Денис Шредер мечот го заврши со 19 поени.

Резултати од синоќешните натпревари

Далас – Оклахома сити  111-96

Торонто – Њујорк  128-112

ЛА Клиперс – Милвоки  128-126 (прод.)

Мајами – Вашингтон  110-116

Сан Антонио – Хјустон  96-89

Голден Стејт – Бруклин  116-100

Сакраменто – ЛА Лејкерс  86-101

Њу Орлеанс – Феникс  119-99

Чикаго – Кливленд  99-98

Мемфис – Филаделфија  112-106 (прод.)