Македонската репрезентација направи скок од две места на ФИФА-листата и го зазема 69-тото место на листата на најдобри светски репрезнтации. За „скокот“ се залужни победата над репрезентацијата на Летонија во Рига и нерешениот резултат против Израел во Тел Авив во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020-та година.

Прва репрезентација во светот е Белгија, а зад неа се светскиот шампион Франција како и репрезентацијата на Бразил. Англија, Португалија, Уругвај, Шрапнија, Хрватска, Колумбија и Аргентина ги комплетираат првите топ 10 места.

Наредните натпревари македонската фудбалска репрезентација ги игра во месец октомври и тоа со Полска на гости и со Словенија дома. Полјаците се најдобро пласирани на ФИФА ранг-листа од нашата квалификациона група и се наоѓаат на 22-та позиција додека Словенците се 11 места пред нас и го делат 58-то место.

Репрезентацијата на Косово пак која е наш противник во плеј-офот од Лигата на нациите е на 119-тото место.