Македонската кошаркарска репрезентација забележа пад од 11 позиции на најновата ранг листа која ја објави ФИБА. Со 184.4 поени сме 53 светска кошаркаска сила, а во Европа го држиме 29 место.

Најновата листа доаѓа по завршеното Светско првенство во Кина, па затоа има и доста промени.

На врвот пак и понатаму е САД, ама Шпанија со златото во Кина ја намали разликата меѓу овие две репрезентации. Австралија пак со скокот од 8 места дојде до третата позиција по што следуваат Аргентина, Франција, Србија, Грција, Литванија, Русија и Чешка која од 24 место дојде до првата десетка.